Статистиката за бракови меѓу турски мажи со странкињи, па и Русинки, сведочи за тоа дека покрај општопознатиот термин „руска невеста“, во светот е популарен и терминот „турски маж“, пишува „Московски комсомолец“.
Значи, што ги мами Русинките во „источната бајка“? Црната коса и темниот тен се многу ретки кај Русите, а токму тоа Русинките го сметаат за симбол на мажественост, па дури и на машка бруталност.
Исто така, не треба да се заборави дека Русинките сакаат и со ушите, се вели во статијата. Додека Русинот се мисли „да симне ѕвезда од небото“, Турчинот довлекува телескоп и ветува цела галаксија. А тука се и другите квалитети: вниманието, одговорноста спрема девојката, децата, семејството. За Русинките е привлечно и тоа што Турците помалку пијат, лесно се согласуваат на брак и се подготвени да станат татковци.
Меѓутоа, статистиката го вели и следново: иако во Турција се врши огромен притисок врз паровите кои сакаат да се разведат, на 600 илјади склучени бракови има и 130 илјади разводи, заклучува „Московски комсомолец“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче