Александар Волков на својот „Фејсбук“ профил напиша дека не се работи за никаков црвен фустан, туку за црвена кутија во која имало икона, а ја носел офицер на службата за безбедност.
„Бидејќи така излезе, што и јас ја држев околу 10 минути таа кутија, можам да кажам дека тоа беше тешка икона, би било незгодно претседател да влегува со неа во храмот“, пишува Волков.
„Дури и Би-Би-Си на руски ја презеде оваа вест, а да не зборуваме пак за блогерите – не се знае колку“, пишува свештеникот. Тој потсетува дека и портпаролот на претседателот Дмитриј Песков не знаел што да им одговори на новинарите за содржината на црвената кутија, а на прашањето дали претседателот му ја отворил вратата на автомобилот на припадник на службата за безбедност или само сакал да земе нешто, Песков ја одбра втората варијанта.
„И тоа беше вистина“, пишува портпаролот на патријархот Кирил. „Владимир Владимирович навистина сакаше да ја земе црвената кутија со себе, но припадникот на службата за безбедност очигледно му кажа дека ќе му ја предаде кутијата подоцна и дури му покажа и со прст каде ќе се случи тоа, со што го побуди интересот на медиумите“.
Како кутијата стигнала до олтарот не му е познато ниту на Волков, но тој може да посведочи дека од неа ја извадиле Казанската икона на Богородица која претседателот му ја подарил на патријархот.
„Зошто никој не се заинтересира како В.В.Путин излезе од автомобилот во кошула, а во храмот влезе во палто?“, прашува Волков. „Ниту јас, кој бев покрај него, не го видов моментот кога некој му го подаде палтото. И, да бидам искрен, тоа малку ме загрижи. За разлика од црвената кутија и неидентификуваното лице во автомобилот“, се пошегува Волков.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче