Во Московската област е пронајден џиновски мравјалник висок колку еден просечен човек, соопшти прес-службата на Министерството за екологија на Подмосковје.
Гнездото на црвени мравки е пронајдено во шумите на Клинскиот реон, високо е околу 170 сантиметри, а пречникот на основата изнесува 2,5 метри, се вели во соопштението.
Се истакнува дека такви мравјалници во Подмосковјето се среќаваат многу ретко и дека овој е еден од најголемите забележани изминативе години.
Телевизијата „360“ претходно соопшти дека во подмосковското Зелено активисти за заштита на животните откриле црн пазар на егзотични животни кој се наоѓал на просторот на производствено-магацински комплекс, пренесува RТ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче