НАТО се лути на „небезбедното однесување“ на руските пилоти

НАТО подготвен да ги изрази своите забелешки на однесувањето на руските пилоти на утрешниот состанок на Советот Русија-НАТО.

„Дури и полути од претходно, претставниците на НАТО во четврток ќе му ги кажат на Кремљ своите приговори против агресивните и опасни маневри што си ги дозволуваат руските пилоти над Балтичкото море, конкретно за „небезбедното однесување на руските пилоти при пресретнување“, како што соопшти еден од чиновниците на Алијансата“, пренесува дописникот на „Политико“.

„Негодувањето на НАТО по повод дејствијата на руските авиони, кои се перципираат од страна на Алијансата како непотребни провокации, ќе биде искажано во Брисел, на состанокот на Советот Русија-НАТО - форум, преку кој западните сојузници и Русија одржуваат дијалог дури и во ситуација на растечки тензии“, пишува Дејвид М. Хершенхорн.

„Секогаш постои ризик дека нешто ќе тргне наопаку кога две непријателски сили се наоѓаат премногу блиску, а ние сме блиску еден до друг не само во воздушниот простор над Балтичкото море, туку и во црноморскиот воздушен простор, по целата должина на границата со Сирија“, изјави во интервју за „Политико“ претседателот на Воениот комитет на НАТО генерал Петар Павел. „Во повеќето случаи ние не забележавме отворено непријателство кон НАТО. Се случуваат нарушувања на воздушниот простор, не задолжително навлегување на територијата на НАТО, но во основа го истакнуваме таканареченото непрофесионално однесување во воздух“, додаде Павел, пренесува „ИноПресса“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња