80% од Русите ја поддржуваат забраната на „Јеховините сведоци“

На 20 април 2017 Врховниот суд на Русија го задоволи барањето на Министерството за правда на Руската Федерација за поништување и забрана на работата на територијата на Русија на „Јеховините сведоци“.

Мнозинството Руси - 79% - ја поддржуваат забраната на „Јеховините сведоци“ од страна на Министерството за правда на Русија, соопштува „Левада-Центар“.

„Дефинитивно ја одобруваат“ забраната на верската организација 51% од испитаниците, повеќе ја одобруваат“ 28%. За тоа знаат во детали 13% од испитаниците, „слушнале нешто за тоа“ уште 34% од Русите. Притоа половина од испитаниците ништо не слушнале за забраната на „Јеховините сведоци“ од страна на Министерството за правда на Русија.

На прашањето кои се „Јеховините сведоци“, 49% од Русите изјавиле дека тоа е христијанска секта, 15% сметаат дека тоа е посебна религиозна деноминација, 5% ја нарекуваат организацијата „изданок на протестантизмот“, 2% - обични христијани. 20% од испитаниците не слушнале ништо за „Јеховините сведоци“.

Анкетата беше спроведена од 23 до 26 јуни 2017 меѓу 1600 луѓе, статистичката грешка не надминува 3,5%.

Вишиот научен соработник на Образовно-научниот центар за проучување на религиите при РГГУ Борис Малишев изјави дека остриот негативен став кон сектата „Сведоци“ е 80% заслуга на медиумите, државната пропаганда и 20% на стереотипизацијата на граѓаните. Според него, пошироката јавност има нејасна претстава за религиите, бидејќи државната пропаганда ги признава само христијанството и исламот, а сето „останато се смета за несреќно недоразбирање“, пренесува www.newsru.com

На 20 април 2017 Врховниот суд на Русија го задоволи барањето на Министерството за правда на Руската Федерација за поништување и забрана на работата на територијата на Русија на „Јеховините сведоци“. Според одлуката на судот организацијата беше прогласена за екстремистичка, а нејзиниот имот беше запленет од државата за сметка на буџетот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња