Во Русија се продава кал од рок-фестивал

Снаодлив Русин објави на интернет оглас во кој продава кал од рок-фестивалот „Нашествие“.

На портал за бесплатни огласи е објавена понуда во која се продава тегла кал од рок-фестивалот „Нашествие“.  „Во долгите, сиви, работни денови – ова е тоа што ќе ве враќа во светот на позитивните впечатоци и емоции“, се вели во описот на робата.

Тегла од 0,5 литри чини 1000 рубли без трошоците за испорака. Доколку има побарувачка, снаодливиот жител на тверскиот реонски центар Конаково е подготвен да понуди и поголем обем – на пример, трилитарски тегли, пренесува „Росијскаја газета“.

Музичкиот фестивал „Нашествие“ се одржа во Тверската област од 7 до 9 јули. Калта стана негов симбол, затоа што сите три дена лееше дожд и фестивалскиот простор заедно со паркинг-просторот се претворија во блато. Автомобилите на гостите мораше да се извлекуваат од паркиралиштата со трактори и специјална техника на Министерството за вонредни состојби на Русија.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња