Уметници од Крим се обидоа со сплав да стигнат на Венециското биенале

Уметници од Крим се обидоа да стигнат до Биеналето во Венеција со помош на сплав направен од нивни дела.

Кримски уметници објавија за својата намера да стигнат до Венеција на сплав направен од нивни дела за да ја завршат работата на холандскиот перформанс-уметник и егзистенцијалист Бас Јан Адер. „Арт-пловидбата“ почна од кејот на реката Салгир со директен пренос на телевизија. Сепак, буквално по неколку минути уметниците, кои истакнаа транспарент со зборовите Вива Арте Вива (Viva Arte Viva) појде кон дното, а преносот беше прекинат.

Според порталот „Југа.Ру“, „арт-гондолата“ требаше да замине од селото Добри во Симферополскиот реон преку Црното и Средоземното море на 57 Венециско биенале на 9 јули. Уметниците испратија до новинарите линк до Periscope-каналот, каде можеше директно да се следат нивните успеси.

Во наведеното време сплавот навистина тргна, меѓутоа речиси веднаш почна да тоне. Преносот беше прекинат, а уметниците, уверувајќи дека сите учесници во акцијата преживеале, одбија да коментираат и побараа да не се објавуваат претходно добиените информации за нивниот потфат.

Редакцијата сепак објави извадоци од соопштението за печат и фрагмент од преносот, пренесува newsru.com.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња