Москва прогласена за најудобен град за живот

Главниот град на Русија прогласен за најудобен град за живот.

Направена е листа на најудобните за живеење руски градови со над милион жители: лидер според рејтингот е Москва, а аутсајдер – Волгоград, соопштува весникот „Известија“, повикувајќи се на заедничкото истражување на Агенцијата за хипотекарни станбени заеми и КБ „Стрелка“ – „Индекс на квалитетот на урбаната средина“.

„Во аутсајдерите се најде Волгоград, кој вкупно доби 32% и покажа слаби резултати според сите елементи на индексот. Најниска оценка (18%) градот доби според показателот „Зеленило и водени површини“, се вели во истражувањето.

Москва доби 73% и е единствениот град на листата чија состојба е оценета како добра. Според аналитичарите, главниот град е лидер поради широките финансиски можности, а, исто така, и поради тоа што „тука смислено и намерно се занимаваат со создавање на удобни услови за жителите“.

На второто и третото место се Санкт Петербург (65%) и Казан (51%). Овие градови ја надминаа Москва во секцијата „Социјално-рекреативна зона“: во Санкт Петербург удобноста беше проценета на 76%, во Казањ - со 72%, додека во Москва показателот изнесува само 58%. Според сите останати елементи главниот град покажува најдобри резултати.

„Индексот на квалитетот на урбаната средина“ е еден од резултатите на извршувањето на налозите на претседателот на Русија Владимир Путин, дадени по завршувањето на Државниот совет за прашања за развој на градежната индустрија и подобрување на урбаниот развој во мај 2016 година. Студијата се базира на проценка на индикатори како што се „Домување и околниот простор“, „Улична инфраструктура“, „Зеленило и водени површини“,  „Социјално-рекреативна зона“ и други, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња