Цевки за гасоводот „Турски тек“.
Алексеј Куденко / РИА „Новости“Ова го изјави генералниот директор на турската државна компанија Вotas Бурхан Озџан во Истанбул на маргините на 22 Светски нафтен конгрес.
„Веќе се договоривме со нив за ова прашање. Сепак не можам да ви ги откријам бројките – во колкав процентен однос ќе го правиме тоа“, изјави Озџан, пренесува RT.
Тој истакна дека „процесот за добивање дозвола за вториот крак на „Турски тек“ продолжува во позитивна насока, во него нема никакви подводни камења“.
Според него, гасоводот ќе излегува на површина во Тракија, во европскиот дел на земјата.
Претходно министерот за енергетика на Турција Берат Албајрак изјави дека „Турски тек“ ќе одигра клучна улога во снабдувањето на земјата со гас и диверзификација на гасните маршрути во Европа.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче