Репрезентацијата на Мексико на тренинг пред почетокот на Купот на конфедерации 2017.
Максим Богодвид / РИА „Новости“Голот на фудбалерот на репрезентацијата на Мексико Марко Фабиан на полуфиналниот натпревар на Купот на конфедерациите 2017 година, постигнат против екипата на Германија (1:4) е прогласен за најубав на турнирот, соопшти прес-службата на ФИФА.
За голот на мексиканскиот фудбалер Фабиан, кој тој го постигна во 89 минута со силен удар од далечина, гласаа 55% од испитаниците.
Второто место е за голот на Мексиканецот Раул Хименес со кој тој је затресе мрежата на Нов Зеланд (2:1), додека третото место навивачите му го доделија на Португалецот Рикардо Кварезма.
Купот на конфедерациите се одржа од 17 јуни до 2 јули во Москва, Санкт Петербург, Казан и Сочи. Во финалето репрезентацијата на Германија ја победи репрезентацијата на Чиле со резултат 1:0, пренесува newsru.com.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче