„Речпосполита“: Како руска бела мечка стана хероина на Полска

Мечката Баска е родена на северот на Русија. Како дел од полскиот Мурмански одред, таа во 1919 година учествуваше во воена парада.

Во полската војска служеше бела мечка што ја викаа Мурманската Баска. Нејзината судбина нè води назад кон заборавените страници од историјата на полските воени единици, пишува „Речпосполита“.

Историјата на единица во која служеше мечката почна по болшевичката револуција 1917 година и повлекувањето на Русија од Првата светска војна, кога Полјаците, кои служеа во царската војска, беа расфрлани насекаде низ пропаднатата империја. Основачот на „Сината армија“ генерал Јузеф Халер реши да ги искористите за обнова на Полска и во битките кои силите на Антантата ги водеа заедно со „белите“ против „црвените“. Кон средината на 1918 година Халер успеа да добие согласност од сојузниците и да почне со врбување за полските единици на територијата на Русија. Се појавија воени комесаријати во Мурманск и Архангелск. Формирањето на баталјон на полски стрелци, во кој беа вклучени 300 луѓе, се одржа во градот Кола. Баталјонот, заедно со Британците се бореше против болшевиците и, меѓу другото, учествуваше во борбите околу Онешкото езеро.

„Рана пролет 1919 година, Архангелск на брегот на Белото море е окупиран од страна на силите на Антантата. Под нерешителната команда на Англичаните се надеваа дека ќе ја освојат Русија од север, ќе ги обесат на бандерите црвените властодршци во Кремљ, но пред сѐ ќе заработат на природните богатства на оваа земја“, го опишува тоа време Евгениуш Малачевски кој во 20-те години од минатиот век ѝ ја посвети на белата мечка книгата „Приказната за Мурманската Баска, белата мечка“, пренесува ИноСМИ.

1919 година, според Малачевски, белото мече на пазар го купил подофицерот Карас, кој се натпреварувал за наклоноста на една дама со италијански војник. Тие знаеле дека нивната избраничка има слабост кон животните и доаѓале кај неа со што поголеми примероци на фауна. Карас решил да го засени Италијанецот кој купил лисица. Тоа завршило така што мечето му ги искинало пантолоните на Италијанецот и го исплашило. Но, за жал, мечето го убива кучето кое го нападнало, а било сопственост на британски генерал. Откако Британецот му се пожалил на командантот на Мурманскиот одред, Карас бил осуден на десет дена затвор, а Баска била вклучена во составот на единицата како „ќерка на полкот“. Мечката е припитомена и ги следи војниците како жив симбол.

Есента 1919 година Полјаците се евакуирани на Запад и во октомври заедно со мечката пристигнуваат во Единбург. Полјаците потоа ја напуштаат Шкотска и заминуваат за Полска.

Баска во декември 1919 година со својата единица учествува во парада во Варшава. Војници се дочекани како херои, а мечката предизвикува воодушевување.

„Кога Пилсудски сакал да ја погали мечката и ѝ пружил рака, таа веднаш му пружил шепа“, пишува Малачевски.

Два месеци подоцна се случува трагедија. Мечка се ослободува од синџир и ја препливува Висла во околината на тврдината Модлин. Таа им верува на луѓето и се упатува кон најблиското село. Таму еден селанец ја убива со вила, затоа што на неговата сопруга ѝ била потребна бунда. Кога војниците пристигнуваат во селото, тој веќе почнал да ѝ ја дере кожата на мечката.

Војниците го грабнале нејзиното тело и нажалени, како да им починала сестра, ја однеле со себе. Мечката ја препарираат. Некое време таа стои во кабинетот на генералот Халер. Потоа е предадена на Музејот на полската армија, каде го преживува Варшавското востание. Понатаму не се знае ништо за судбината на препарираната мечка.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња