Разговорот меѓу Путин и Меланија Трамп ги запали социјалните мрежи

Коментаторите се согласија дека Путин ѝ се допаднал на првата дама на САД.

Корисниците на социјалните мрежи реагираа на разговорот меѓу претседателот на Русија Владимир Путин и сопругата на американскиот претседател Меланија Трамп.

Путин со Меланија Трамп разговараше на самитот на Г-20 на тема поврзана за проблемите на жените. „Затоа и се одржа мала размена на мислења. И ми се чини дека во разговорот имаше извесна симпатија“, изјави портпаролот на рускиот лидер Дмитриј Песков.

Покрај тоа, Путин и првата дама на САД седеа еден до друг на официјалниот ручек во концертната хала на Елбската филхармонија. Во текот на ручекот тие со жар разговараа и Меланија, која зборува неколку јазици, вклучително и германски, неколку пати се смееше, пренесува „Взгљад”.    

Претседателот на САД Доналд Трамп за тоа време разговараше со сопругата на лидерот на Аргентина Џулијана Авада.

Социјалните мрежи веднаш реагираа на разговорот меѓу Путин и сопругата на Трамп. „Меланија Трамп седи до Путин на банкетот. Не можам да верувам!”, напиша еден корисник.

Други укажуваат на тоа како за време на разговорот на Путин со Меланија Трамп во нив гледала канцеларката на Германија Ангела Меркел.

Коментаторите се согласија дека Путин ѝ се допаднал на првата дама на САД.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња