Калашников дизајнираше борбен модул - „злопамтило“

Концернот „Калашников“ направи роботизиран борбен модул, способен самостојно да препознава цели и да донесува одлуки.

Ова го соопшти прес-службата на концернот, пренесува „Вести.ру“.

Според креаторите, оружјето функционира врз основа на т.н. „невронска мрежа“. Овој систем е способен да учи брзо и да дејствува не само врз основа на дадена програма, туку и да го зема предвид сопственото искуство. Може да се претпостави дека борбениот модул ќе биде многу големо „злопамтило“.

Концернот не објаснува дали новите роботизиран систем ќе носи одлуки да отвори оган самостојно или ќе му биде потребна команда од човек. Се планира новиот борбен модул да ѝ биде прикажан на пошироката јавност на форумот „Армија 2017“.

Вештачките невронски мрежи се обид за креирање на електронски аналог на нервниот систем на живо суштество. Тие можат да бидат изградени на сличен начин како и човечкиот мозок. Односно, мноштво едноставни процесори се меѓусебно поврзани и извршуваат некакви заеднички задачи. На пример, препознаваат ликови, предвидуваат или управуваат нешто. Карактеристична црта на невронските мрежи е што тие не се програмираат, туку се учат.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња