Захарова објави на „Фејсбук“ видео, снимено од автомобил кој се движи по улица на Хамбург. Захарова вели дека видеото ѝ го пратиле колеги кои работат со руската делегација.
„Тие не ги снимаа специјално овие кадри. Едноставно се обидуваа да дојдат од точка А до точка Б. А на улицата борбени дејствија“, напиша Захарова.
Во врска со тоа таа потсети на филмот на Би-Би-Си за руските фудбалски хулигани кои наводно можат да го попречат одржувањето на светското првенство. Но, истакнува дипломатот, Купот на конфедерации покажа дека „би-би-си-шните претскажувања“ биле блеф.
„А, еве, со „европските хулигани“, кои го претворија Хамбург во зачаден пекол, западните медиуми би можеле од поблиску да се занимаваат“, истакнува таа.
Во Хамбург продолжуваат судирите на таканаречените антиглобалисти со полицијата. Чуварите на редот применуваат водени топови за растерување на толпата. Бројот на повредени веќе се брои со стотици, пишува „Взгљад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче