Претседателот на Русија Владимир Путин разреши осум генерали од Министерството за внатрешни работи (МВР), Министерството за вонредни состојби (МВС) и Федералната служба за извршување на казни (ФСИК).
Указот на шефот на руската држава е објавен на официјалниот портал за правни информации.
Засега не се познати причините за нивното отпуштање, пренесува „Рамблер“.
Меѓу разрешените се генерал-мајорот на полицијата и шеф на МВР за република Тува Александар Лобанов и заменик-началникот на главната управа за транспорт на МВР генерал-мајор Андреј Андреев.
На почетокот на мај Путин разреши 13 генерали од структурите на МВР, Истражниот комитет, МВС и ФСИК.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче