Полски политичар: Трамп да ѝ каже на Русија „Рацете подалеку од Полска!“

Трамп има шанса да се испере од „руската дамка“ ако од Варшава ѝ каже на Москва „Рацете подалеку од Полска!“, изјави еден од политичарите во Полска Михал Камински.

Според полскиот политичар Михаил Камински, тоа се најважните зборови за Полјаците кои американскиот лидер едноставно е должен да ги изговори во текот на неговата посета.

„Се надевам дека Доналд Трамп поради тоа пристигнува во Полска... во суштина, не за да ја поддржи партијата „Право и правда“ и така натаму, туку во некоја смисла да ги испере од себе сите негативности кои владеат во САД, по повод тоа дека Русите ја посакувале неговата победа“, изјави Камински во разговор за телевизијата N24.

Праша дали зборува за врските со Русија, Камински одговори:

„За тоа, дека Русите ја посакуваа неговата победа. Прашањето е: ако Русите ја посакувале неговата победа – а тие ја посакуваа – тогаш зошто ја посакуваа? Тие можеа да ја посакуваат поради сопствената глупавост, затоа што Русите не еднаш постапувале така во историјата. Не е важно. За мене најважно како за Полјак е пристигнувањето на Доналд Трамп, кој би им рекол на Русите овде, во Варшава: „Рацете подалеку од Полска!“, рече Камински, пренесува RT.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња