Украински советник: Без руски пејачи нашиот воздух ќе биде почист

Песните на руски јазик го уништуваат мозокот на украинските деца, смета советник на министерот за внатрешни работи на Украина.

Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина Зорјан Шкирјак ја поддржа забраната за влез на руски изведувачи и ги повика украинските власти да воведат построги ограничувања. Ова тој го изјави во програмата на телевизијата „112“.

„Мислам дека колку пожестоко дејствува СБУ во контекст на забраната за влез за оние руски пејачи кои (...) нелегално ја преминале границата на Украина, толку почист ќе биде нашиот воздух од таа руска гадотија“, изјави Шкирјак, пренесува РИА „Новости“.

Тој додаде дека со радост ги слуша украинските радија, каде речиси и да не се слуша руска содржина. Според него, песните на руски јазик „го уништуваат мозокот на украинските деца“.

Службата за безбедност на Украина редовно им забранува влез на руски изведувачи во Украина поради посета на Крим. Изведувачите, исто така, ги внесуваат во базата на податоци „Миротворец“, каде претходно беа објавени личните податоци на граѓаните, кои на сајтот ги нарекуваат „предавници на Татковината“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња