Русија и Кина сакаат механизам за гаранција на регионалната безбедност

Во услови за заострување на ситуацијата во Североисточна Азија, треба итно да се создаде механизам за гаранција на регионалната безбедност, се вели во заедничката изјава на Русија и Кина по завршувањето на разговорите меѓу претседателот на Русија Владимир Путин и претседателот на Кина Си Ѓинпин.

Таквиот механизам, се истакнува во изјавата, ќе помогне за „обезбедување на мирот и стабилност во долготрајна перспектива“, пренесува „Взгљад“.

Русија и Кина исто така „одлучно истапија против“ едностраното распоредување на системи за ПРО „од некои земји“ во Европа и Азиско-Тихоокеанскиот регион. Со самото тоа, се вели во документот, им се нанесува сериозна штета на интересите на стратешката безбедност на земјите во регионот, вклучително и на Русија и Кина.

Освен тоа, Москва и Пекинг се залагаат за формирање меѓународна конвенција за борба со акти на хемиски и биолошки тероризам.

Во документот се наведува дека Русија и Кина работата на создавање во рамките на ООН збир од меѓународни правила за управување со интернетот.

Во изјавата се вели дека Русија и Кина се залагаат против користење на прашањата за човековите права како изговор за мешање во внатрешните работи на други држави.  

Претходно Русија и Кина повикаа на итен престанок на распоредувањето на американскиот ПРО-систем THAAD.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња