Брнабиќ изјави дека како премиер ќе го продолжи патот кој го започна нејзиниот претходник, сегашниот претседател на Србија Александар Вучиќ, за да ја подготви земјата за членство во ЕУ до 2020 година, кога ѝ истекува мандатот.
„ЕУ е таму каде одиме – тоа е јасно“, рече Брнабиќ.
„Ние имаме емотивни врски со Русија поради традицијата, културата и верата. Има многу луѓе во Србија кои ја доживуваат Русија како наш поголем брат, наш заштитник“. Таа додаде дека таквите чувства не може да се занемарат, „но нашиот стратешки пат е ЕУ“.
Изјавата на Брнабиќ е најјасната досега за правецот на оваа балканска држава додека бара како да се реинтегрира со западна Европа додека се држи до својата цврста врска со Русија, пишува „Блумберг“.
Иако Вучиќ одби да ја следи одлуката на ЕУ за воведување санкции против Русија поради Украина, агенцијата наведува дека Брнабиќ не може да потврди дали ќе го продолжи тој став доколку биде загрозено зачленувањето на Србија во ЕУ.
„Не можам да го коментирам тоа сега, затоа што на Балканот е многу тешко да се посветите на било што. Ова е тежок регион“, изјави Брнабиќ, за која „Блумберг“ вели дека е поранешен министер за јавна администрација на Вучиќ, едуцирана во САД и Велика Британија, и политички независна.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче