Владимир Путин има два огромни нуклеарни бункера на длабочина од 300 метри под Москва, во кои можат да се сместат 10 илјади луѓе, смета Пентагон. Според американската војска, фактот дека Кремљ се подготвува за „секоја форма на Армагедон“ го нагласува мислењето кое владее во Русија дека САД планираат да го соборат Путин, пишува „Тајмс“. „Москва стравува дека обидите на САД да диктираат прифатливи меѓународни норми се закана за темелите на власта на Кремљ, бидејќи даваат знак за странско мешање во внатрешни работи на Русија“, се наведува во извештајот на американската агенција за воено разузнавање.
Оваа организацијата за прв пат по студенмата војна објавува извештај за Русија и тоа потсетува на паранојата од таа ера, пишува изданието. Така, слични документи за воените потенцијали на Советскиот Сојуз секоја година се подготвуваа од 1981 година до 1991 година, а сега раководителот на ресорот изјави дека е време да се вратат на такви публикации поради враќањето на Русија на меѓународната сцена.
Агенцијата за воено разузнавање нагласува дека во Русија останала мрежа на длабоки бункери кои се поврзани со железничка линија. Така, еден од нив е наводно во Кремљ, а другиот – недалеку од МГУ. Овие бункери се наменети за националната команда во воено доба. Оттаму командантите по потреба можат да се преместуваат во други командни бункери надвор од главниот град и во ВИП-терминалот Vnukovo. Уште два подземни комплекса американската војска најде 60 километри јужно од Москва.
„Високоефикасните системи за живеење можат да овозможат спроведување независни операции со месеци по нуклеарен напад“, се вели во извештајот. Впрочем, како што истакнува „Тајмс“, пред Путин сепак има сериозен предизвик: без оглед на континуираниот раст на трошоците за одбрана, годинава нивниот износ во реални оценки ќе се намали за третина поради намалувањето на цените на нафтата, пренесува RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче