Британскиот весник „Дејли Меил“ објави две фотографии заради сликовита споредба, на едната се наоѓа најновата опрема дизајнирана од руски конструктори, а на другата војник од армијата клонови од филмската епопеја на Џорџ Лукас „Војна на ѕвездите“.
Борбената опрема содржи титаниумски егзоскелет кој овозможува зголемување на физичката сила и издржливоста на војникот, пишува авторот на текстот, истакнувајќи дека маскирната униформа може да се адаптира на временските прилики и да го штити борецот од оган и влага.
Блиндираниот шлем е опремен со ламба и комплет за ноќно набљудување, а може и да проектира информации за здравјето на војникот и ситуацијата на бојното поле. Планирано е во чизмите да бидат вградени сензори за откривање на мини и систем за попречување на радио сигнали.
„Русија интензивно работи на сѐ поголема роботизација на војската... Москва има намера да ги замени живите војници со роботи кои ќе учествуваат во борбените дејствија на копно, воздух и вода, па дури и во вселената“, убеден е авторот на текстот, пренесува „Взгљад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче