Русија го запре плаќањето на придонесот во буџетот на Советот на Европа

Москва го запре плаќањето на придонесот за Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) сѐ до целосната обнова на ингеренциите на делегацијата на Федералното Собрание на Русија, соопшти руското Министерството за надворешни работи.

„Со оглед на она што се случува, Руската Федерација одлучи да го суспендира плаќањето на својот придонес во Советот на Европа за 2017 година до безусловна обнова во целосен обем на полномоштвата на делегацијата на Федералното Собрание на Руската Федерација во ПССЕ“, се вели во соопштението Министерството за надворешни работи на Русија, објавено на веб-страницата на ресорот, пренесува „Интерфакс“.

За ова шефот на руското Министерство за надворешни работи Сергеј Лавров го извести генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд во текот на телефонскиот разговор во петок.

На делегацијата на Русија во 2014 година ѝ беа одземени во ПССЕ основните ингеренции поради ситуацијата околу Крим и Украина и затоа одби да учествува во работата на седниците на Собранието.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња