„Отсекогаш сум бил убеден дека за сметка на искуството во многу кризни ситуации, на крај Русија и САД ќе се убедат дека треба да дејствуваат заеднички“, изјави Кисинџер, настапувајќи на „Примаковските читања“ во Москва.
Според него, „сега ние, се разбира, можеме да ги наброиме причините за незадоволство, компликациите, современите технологии имаат влијание врз разни земји“.
„Прашањето е следново: ќе најдеме ли таква визија за светот што сакаме да го создадеме во иднина, ќе дојдеме ли до форма на дијалог кој ќе успееме да го одржуваме?“, додаде Кисинџер, пренесува РИА „Новости“.
„Јас оптимистички гледам во иднината, сметам дека таква можност постои. Оптимистички ја перципирам оваа ситуација, бидејќи светот се глобализираше, бидејќи сѐ поголемо влијание вршат новите технологии. Имајќи ги предвид историските позиции, на минатото на секоја од земјите, мислам дека можеме да се наоѓаме на почетокот на следната етапа на руско-американските односи“, потенцира тој.
Според него, потребно е да се појде од претпоставката дека светот се стреми кон конструктивна еволуција, при која ниту една земја нема да ги насочува своите напори на поткопување на активноста на друга земја или на здобивање со предност, туку, напротив, ќе ги насочува своите напори на постигнување резултати во соработката.
„Во тој дух јас секогаш се обидував да дејствувам. Таквиот однос треба да го прифатиме ако сакаме да зборуваме за иднината, која ја има секоја земја“, изјави Кисинџер.
Претходно Кисинџер имаше приватна средба со рускиот претседател Владимир Путин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче