Групата „Продиџи“ сними видео за градот Воронеж

На официјалниот канал на британската електронска група „Продиџи“ е објавено ново видео за познатата композиција „Мајндфилдс“ (Mindfields).

Видеото за песната „Мајндфилдс“ (Mindfields) е снимено во Воронеж.

Шестминутното видео раскажува за еден ден на воронешки поклоник на групата кој завршува со концерт на неговите идоли. Младичот се буди во мал стан, преполн со симболика на „Продиџи“, пренесува „Росијскаја газета“.

Во видеото се гледаат и кадри од воронешките знаменитости: јарболот на „Адмиралтејскиот плоштад“, споменикот на плоштадот на Победата, спомениците на Петар I, Владимир Висоцки и Мачорот од улицата „Лизјуков“. Во целина видеото е направено во стилот на познатото видео Smack My Bitch Up кое го сними шведскиот режисер Јонас Акерлунд.

Претходно британските музичари снимија видео со кадри од концертите во Екатеринбург и Новосибирск.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња