„Северна лига“: Многу проблеми на Русија се и наши проблеми

Коалицијата на „Северна лига“ на Матео Салвини и „Форца, Италија!” на Силвио Берлускони оствари значаен успех на локалните избори во Италија со својата програма во која, меѓу другото, бара укинување на санкциите против Русија и признавање на статусот на Крим.

„Сметаме дека е неопходно да се воспостави пријателство со Москва и, исто така, да ѝ се помогне на нашата економија. Тоа, веројатно, многу ни помогна д победиме на изборите“, изјави Паоло Гримолфи, пратеник во италијанскиот парламент од редовите на партијата „Северна лига“. Тој зборуваше за успехот на оние кои ги нарекуваа „проруски сили“.

„Крим отсекогаш беше руски...Министерот Алфано со своите изјави за одбивањето да го признае статусот на Крим покажува дека не ја познава историјата“, изјави пратеникот во регионалниот парламент на италијанската област Венето Стефано Валдегамбери.

Се чини дека претставниците на италијанската опозиција сѐ повеќе ќе си дозволуваат вакви критики на власта, затоа што се охрабрени од резултатите на локалните избори минатиот викенд. Во повеќето големи градови владејачката Демократска партија изгуби, а победи коалицијата на „Северна лига“ на Матео Салвини и „Форца, Италија!“ на Силвио Берлускони, пренесува „Взгљад“.

Претставникот на „Северна лига“ Паоло Гримолди зборува за тоа што, меѓу другото, го донело успехот на изборите.

„Ние сме единствената политичка партија која секоја недела истакнува дека е потребно да се укинат санкциите против Русија, дека тие се голем проблем за нашата економија и дека се сосема бескорисни. Ваков вид на теми има во Ломбардија, која има многу силна економија, многу популарни за нашите работници, за нашите компании“, изјави Гримолди. Тој додаде дека е потребно да се укинат санкциите против Русија и да престанат споровите околу Крим, бидејќи таму имаше референдум и со тоа треба таа приказна да заврши.

Тој, исто така, го изнесе својот став за тоа каква треба да биде политиката на Италија кон Русија.

„Треба да ѝ се даде поддршка на Москва во борбата против ИД во Сирија, треба повторно да се почнат преговори за „Јужен тек“ за рускиот гас да се доставува во јужна Европа. Освен тоа, многу проблеми на Русија се и наши проблеми. Ние не треба да губиме време и да се расправаме со Москва само затоа што Меркел денес не ја сака, а вчера Обама не ја сакаше Русија. Тоа е проблем на г-ѓа Меркел и на г-дин Обама, а не е мој и не е наш проблем“, смета италијанскиот пратеник.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња