Продуцент на Си-Ен-Ен призна дека „врските“ на Трамп со Русија се измислица

Во рамките на новиот проект American Pravda политичкиот активист Џејмс О'Киф, кој е на чело на организацијата Project Veritas, и неговиот тим објавија циклус емисии со истражување против водечките америкнски медиуми.

Американскиот новинар Џејмс О'Киф објави истражување за принципите на работа на телевизијата Си-Ен-Ен, пишува „Вашингтон Тајмс“.

Во најавата за репортажата на социјалните мрежи О'Киф пишува: „Ексклузивна снимка. Продуцент на Си-Ен-Ен признава дека приказние на овој канал за Русија се тотална бесмислица”.

Главниот херој на репортажата која е објавена на интернет е продуцентот Џон Бонифилд кој е снимен со скриена камера. На снимката се гледа човек кој личи на Бонифилд и кој признава дека материјалите на Си-Ен-Ен за мешањето на Русија во изборите во САД немаат никаква основа во доказите, туку дека „антируската политика” на каналот и критиката на Доналд Трамп се исклучително поврзани со зголемување на рејтингот. А рејтингот сега е, според него, „неверојатен”, пренесува „Взгљад“

Личноста која изгледа како продуцентот на Си-Ен-Ен изјави дека „дури и Русија да се обидеше да влијае на нашите избори, ние се обидуваме да влијаеме на нивните избори“. Ова тој го кажа мислејќи на ЦИА.

Во рамките на новиот проект American Pravda политичкиот активист Џејмс О'Киф, кој е на чело на организацијата Project Veritas, и неговиот тим објавија циклус емисии со истражување против водечките америкнски медиуми.

Снимката со продуцентот на Си-Ен-Ен е објавена во светлото на неодамениот скандал со остранувањето на материјалите за наводните врски на Трамп со руски фонд, по што Си-Ен-Ен отпушти тројца соработници. Трамп го повика Си-Ен-Ен да ги острнаи и другите „лажни материјали”.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња