„Дејли Меил“: Русија „му покажа на Трамп среден прст“

Истиот ден кога САД предупредија дека Дамаск подготвува хемиски напад во Сирија, Русија го покани „диктаторот“Башар Асад во својата воздухопловна база во Хмејмим, пишува „Дејли Меил“. На тој начин Москва „му покажа на американскиот претседател Доналд Трамп среден прст“, смета изданието.

Додека Американците истапија со предупредување дека сирискиот претседател Башар Асад подготвува нов хемиски напад, „путиновските сили“ го поканија „блескавиот диктатор“ да ја посети руската воздухопловна база, пишува „Дејли Меил“. На тој начин, смета изданието, Русија „му покажа на Трамп среден прст“.

Во воздухопловната база во Хмејмим Асад се сретна со претставници на руските Воздушно-космички сили. Во текот на посетата тој зборуваше со началникот на Генералштабот на ВС на РФ Валериј Герасимов. Исто така, се појавија и кадри како Асад се качува во пилотската кабина на Су-35.

Сето ова се случи истиот ден кога Пентагон соопшти дека открил „активни подготовки“ на Дамаск за хемиски напад. Министерството за одбрана на САД,  според „Дејли Меил“, со оваа изјава додаде на тежина на неколку часа порано објавеното предупредување на Белата куќа дека сириската влада „ќе плати висока цена“ ако изврши таков напад.

Овие обвинувања и застрашувачкото предупредувања од САД ја означија понатамошната ескалација на тензијата во земјата, каде Америка за борба против групата „Исламска држава“ ги користи Курдите и сириските Арапи, а Русија и Иран, се вели во статијата, работат на поддршка на претседателот Башар Асад, кој се стекна со предност во долготрајната граѓанска војна, пренесува RT.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња