Во САД излезе книга за заговор против Путин

Дан Ковалик објави книга во која тој зборува за односот на американските служби и на државата кон Русија.

Американскиот новинар од Питсбуршкиот универзитет во Пенсилванија Дан Ковалик објави книга под наслов „Заговорот Русија да стане жртвено јагне: Како ЦИА и 'Длабочинската држава' влегоа во заговор за да го оцрнат Путин“ (The Plot to Scapegoat Russia: How the CIA and the Deep State have Conspired to Vilify Putin), објави Взгљад.

Самиот Ковалик признава дека гледа во Москва потенцијален сојузник и не ги поддржува критиките против Русија, „кои доаѓаат главно од демократите и имаат за цел да извлечат политички поени“ за нив самите, пишува Ридус.

Според Ковалик теоријата за „руските хакери“ е обид Москва да стане „жртвено јагне“. Новинарот е убеден дека воопшто нема да се појават докази дека Русија влијаела на курсот на американските избори.

Ковалик не ја исклучува и варијантата хакерски напад воопшто да немало, а да станува збор само за протекување на информации од Националниот демократски комитет.

Во исто време тој додава дека дури и „руските хакери“ да ги пробиле компјутерите на демократите, „никој во САД не верува дека тоа може да има влијание на изборите“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња