МНР на РФ: Чекаме нов преговарач од САД

Со оглед на фактот дека Викторија Нуланд замина од местото заменик на државниот секретар на САД Русија чека назначување на нов претставник на Вашингтон.

Ако се земе предвид дека Викторија Нуланд замина од местото заменик на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Руската Федерација чека назначување на нов претставник од страна на Вашингтон за преговорите во врска со решавање на украинската криза, изјави заменик-министерот на Министерството за надворешни работи на Русија Григориј Карасин.

„Тоа ни беше ветено, но, за жал, досега не сме добиле име. Чекаме“, ја пренесува неговата изјава РИА Новости.

За односите со Русија е задолжен заменикот на државниот секретар за Европа и Евроазија. Во администрацијата на поранешниот претседател на САД таа должност ѝ припаѓаше на Викторија Нуланд. Во администрацијата на Доналд Трамп ова место засега не е пополнето.

Во јануари беше соопштено дека највисокото раководство на Стејт департментот на САД заминува во оставка, со оглед на тоа дека тие не се согласувале со надворешната политика на новата администрација на Белата куќа.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња