АП: Несогласувања за средбата помеѓу Трамп и Путин

Во администрацијата на Доналд Трамп дошло до несогласувања поврзани со средбата на американскиот и рускиот претседател на маргините на самитот на Г-20.

Во администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп дошло до несогласувања во врска со форматот на можната средба со претседателот на Русија Владимир Путин за време на самитот на Г-20 во Хамбург на 7 и 8 јули, пренесува агенцијата Асошиејтед Прес, повикувајќи се на сегашни и поранешни соработници во американската администрација.

Според нив, Трамп е расположен за полноцена средба со Путин, на која тие би можеле да дискутираат за меѓународните и за билатералните прашања. Американскиот лидер се залага за тоа на медиумите да им се даде можност да ги следат преговорите.

Во исто време некои од советниците на претседателот на САД советуваат тој да заземе повнимателна позиција во однос на контактите со Русија на фонот на сомнежите за соработка со Москва во периодот на предизборната кампања кои се поставуваат на адреса на Трамп и на неговото опкружување, а исто така и на истрагата во врска со тие сомнежи што ги водат ЦИА и Конгресот.

Приврзаниците на внимателниот приод го советуваат американскиот претседател да спроведе формална и куса средба со лидерот на Русија. Друга варијанта што тие ја предлагаат е организирање преговори за стратешката стабилност помеѓу руската и американската делегација без учество на шефовите на државите.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња