Белата куќа не исклучува средба на Трамп и Путин

Претставникот на Белата куќа Шон Спајсер соопшти дека е можна средба помеѓу претседателите на Русија и на САД на маргините на самитот на Г-20 во Хамбург.

Претставникот на Белата куќа Шон Спајсер соопшти дека е можна средба помеѓу претседателите на Русија и на САД на маргините на самитот на Г-20 во Хамбург.

Администрацијата на САД не исклучува дека претседателите на Русија и на САД Владимир Путин и Доналд Трамп можат да се сретнат на маргините на претстојниот самит на Г-20 во германскиот град Хамбург, соопшти претставникот на Белата куќа Шон Спајсер.

„Таквата можност не ја исклучуваме“, одговори тој на прашањето, пренесува РИА Новости.

Портпаролот на рускиот лидер Дмитриј Песков во средата изјави дека средба помеѓу Путин и Трамп не се подготвува, и дека не е испланирано ништо за 7 јули, кога ќе се одржи самитот на Г-20. Притоа тој увери дека не постојат никакви проблеми и дека страните ќе се договорат за средба.

На почетокот на јуни од Кремљ соопштија дека Путин и Трамп би можеле да се сретнат во Хамбург на самитот на земјите од големата дваесетка.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња