Алексиевич: Русите се гладна, злобна маса, заслепена од пропаганда

Добитничката на Нобеловата награда за литература Светлана Алексиевич беше мета на познатите руски телефонски хулигани Вован и Лексус кои ѝ се претставиле како украински, односно руски официјални лица од културата и слушнале дијаметрално спротивни мислења на иста тема.

Пранкерите Алексеј Стољаров и Владимир Кузнецов, познати како Вован и Лексус „се најдоа“ со белоруската писателка и добитничка на Нобеловата награда за литература Светлана Алексиевич, која неодамна во едно интервју кое крена голем прав во јавноста, изјави дека ги разбира мотивите на убиецот на украинската новинарка Олесја Бузина. Телефонските хулигани ѝ се претставиле на писателката како украински, односно руски официјални лица од културата, пренесува порталот Взгљад.

Верувајќи дека разговара со украинскиот министер за култура Евгениј Нишчук, Алексиевич на Киев му посакала да се ослободи, како што вели од превласта на рускиот свет и ги окарактеризира Русите како гладна, злобна маса, заслепена од пропаганда. Според нобеловката Алексиевич во Украина, такво нешто таа е забележува.

На предлогот да ѝ се врачи орден таа реагира мошне позитивно.

Во вториот разговор пранкерите се во улога на претставник на министерството за култура на Русија, а мислењето на писателката за Русија во голема мера се разликува од ставовите изнесени за „украинската страна“.

Алексиевич себеси се нарекува човек на руската култура, истакнувајќи дека секогаш зборувал оти има три дома, Украина, Белорусија и големата руска култура.

Со задоволство се сложила со „предлогот“ за организирање средба со Владимир Путин и за врачување руско државно признание, да кажеме Орден на пријателството.

Апсолутно не сум против тоа, одговара Алексиевич, истакнувајќи дека рускиот народ ѝ е близок.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња