Руските бродови нападнаа со ракети „Калибар“ објекти на ИД во Сирија

Бродовите на Воено-морската флота на Русија истрелаа шест крстосувачки ракети „Калибар“ врз објекти на терористичката организација „Исламска држава“ во Сирија, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

„Од источниот дел на акваторијата на Средоземното море, од страна на фрегатите „Адмирал Есен“, „Адмирал Григорович“ и подморницата „Краснодар“ на ВМФ на Русија се реализирани лансирања на шест крстосувачки ракети „Калибар“ врз објекти на терористичката група ИДИЛ во Сирија. Подморницата „Краснодар“ ги реализираше лансирањата на ракетите од подводна состојба“, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.

Се истакнува дека како резултат на нападите се уништени командни пунктови и големи складишта на оружје на милитантите во провинцијата Хама, каде по ударот на крстосувачките ракети детонирал арсеналот.

Командите на Турција и Израел преку каналите за соработка беа навремено информирани за лансирањата, додава рускиот воен ресор.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња