Меркел: Самитот на ЕУ едногласно се изјасни за продолжување на санкциите

Канцeларката на Германија Ангела Меркел изјави на самитот на ЕУ во Брисел дека земјите-членки на ЕУ биле едногласни во одлуката да се продолжат санкциите против Русија поради „Минската спогодба“.

Меркел рече дека заедно со претседателот на Франција Емануел Макрон било изјавено дека во прашањето за „имплементација од страна на Русија“ на точките од „Минската спогодба“ нема придвижување, што го кочи политичкиот процес во Украина, пренесува „Взгљад“.

„Тука, за жал, принудени сме да констатираме дека се забележува малку напредок. Постојано се крши примирјето, затоа отсуствува доволна основа за продолжување на политичкиот процес“, изјави Меркел.

Таа истакна дека сите едногласно се изјасниле за продолжување на санкциите против Москва. Учесниците во самитот, според неа, ја поддржале идејата за продолжување на работата во „Минскиот формат“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња