Медиум: Рускојазичен сајт продава лозинки од поштата на британски министри

Весникот „Тајмс“ објави дека е откриен еден сајт на руски јазик на кој се наоѓаат кориснички имиња и лозинки од електронски поштенски сандачиња кои им припаѓаат на британски државни службеници, вклучувајќи и министри.

Според соопштението на изданието, податоците биле достапни за продажба. На интернет се нашле податоците на министерот за бизнис, енергетика и индустриска стратегија Грег Кларк и министерот за образование Џастин Грининг, информира „Тајмс“.

Весникот пишува дека оваа акција „надвор од сите сомнежи ја организирале руски хакери“. Двајцата министри не одговорија на барањето на изданието да коментираат како нивните податоци се нашле на тој сајт. Изданието исто така не наведува за кој сајт станува збор.

„Тајмс“ пишува дека на сајтот се објавени податоци за логирање во 1 илјада поштенски сандачиња на членови и вработени на британскиот парламент, 7 илјади полицајци и повеќе од 1 илјада службеници на Министерството за надворешни работи на Велика Британија.

За информациите на весникот се заинтересирал Националниот центар за сајбер-безбедност (National Cyber Security Centre), кој ветил дека ќе преземе мерки, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња