Експерт: „Калибрите“ нападнаа важни објекти на ИДИЛ во Сирија

Од бродовите на Руската воена морнарица во источниот дел на Средоземното море се лансирани шест крстосувачки ракети „Калибар“ со кои се уништени командни пунктови и терористички складишта за оружје и муниција во сириската покраина Хама.

Коментирајќи го големиот напад од руските бродови, воениот експерт Дмитриј Литовкин рече дека нападите со ракетите Калибар се изведуваат само на исклучително значајни цели.

Секој Калибар е мошне скапа „машина“, па затоа мора да се користат обмислено за гаѓање мошне важни цели. Да кажеме неодамна Министерството за одбрана покажа снимки на уништување на штабот на терористите на Исламска држава во кој се одржуваше воено советување, а според некои информации во тој напад е ликвидиран и водачот на групата. Во оваа ситуација примената на ваквите ракети исто така е условена со стратешките воени цели на територијата на Сирија, задачите за уништување на важни објекти на терористичката инфраструктура, вели Дмитриј Литовкин.

Во ненадејниот напад уништени се командни пунктови и големи терористички складишта за оружје и муниција во подрачјето на Акербат во покраината Хама, во која по ракетниот удар експлодираше арсенал, соопштува МО на РФ.

Последен пат руските бродови гаѓаа со ракети Калибар терористички положби на подрачјето на древниот сириски град Палмира.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња