Daily Mirror раскажа какво оружје во иднина ќе имаат „војниците на Путин“

Видео на Интернет со новиот руски автомати на иднината предизвика интерес кај воените аналитичари и љубителите на оружјето

За ова информира британското издание „Дејли мирор“ (The Daily Mirror) во статија, цитира RT во петокот (23 јуни).

АК-12, на кој се работи од 2011 година, ќе се претвори во оружје на иднината и ќе се користи во комплекс со опремата „Ратник“, која ќе им овозможи на „војниците на Владимир Путин“ да имаат корист од плодовите на последните достигнувања во науката и техниката, наведува весникот.

Според конструкторите на АК-12 автоматите поминале низ низа модификации, откако во даден момент руското воено министерство се откажало од купување на тоа оружје. Изданието пишува дека автоматите имале низа конструкторски недостатоци, кои се отстранети. Освен тоа АК-12 веќе ги помина сите теренски тестирања.

Најновата верзија на „Калашников“, која беше прикажана на саемот „Армија 2016“, е со куќиште за 30 патрони и можност за снимање од симулатор. Освен тоа е зголемен и рокот  на служење и е подобрена сигурноста и точноста на автоматот. АК-12 е и поергономски во споредба со своите претходници АКМ, АК-74 и АК-74М.

Конструкторите го намалиле и одвраќањето и го модифицирале системот за ладење. АК-12 е полесен, пократок и полесен за употреба; освен тоа веќе може да се полни со една рака, забележува весникот.

Новиот автомат оди во комплет со „Ратник“, со што ќе се подобри интеракцијата и борбената ефикасност на руските војници. „Ратник“ го вклучува модернизирани комплет за оклопна заштита кој чува 90% од телото, како и шлем, опремен со инструменти за ноќно гледање и термовизор. Во новата опрема е вграден и систем за високотехнолошки комуникации, посочува весникот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња