Во Русија објавени оригинални документи за нападот на Германија врз СССР

Министерството за одбрана на Русија на својот сајт отвори нова страница на која се објавени оригинални сведоштва на советски воени команданти за првите денови на Големата Татковинска војна.

Во пресрет на годишнината од почетокот на Големата Татковинска војна, на сајтот на Министерството за одбрана се појави страница на која можат читателите да се запознаат со оригинални сведоштва на директни учесници во војната.

Во 1952 година специјална група при Воено-историската управа на Генералштабот на Советската армија почна да работи на опишување на настаните од Големата Татковинска војна.

Луѓето кои командувале на почетокот на војната со окрузи, армии, корпуси и дивизии, добиле список со пет прашања. Воените началници, конкретно, биле прашани зошто во јуни 1941 година поголемиот дел од артилеријата на корпусите и дивизиите се наоѓала во камповите за обука, колку штабот на нивната единица бил подготвен за раководење со војската и во колкава мера тоа се одразило на текот на водењето на операциите во првите денови на војната.

Сега дел од тие, претходно класифицирани, историски документи е достапен на корисниците на интернет.

Без оглед на војнички сувите формулации со кои високите офицерски чинови ги опишуваат настаните од 22 јуни 1941 година, се добива јасна претстава за тоа што морале да преживеат првите денови од германската инвазија.

Во моментов на страницата на сајтот на Министерството за одбрана на Русија „Така почна војната“ се презентирани сведоштва на седуммина воени началници преку нивните одговори на петте прашања, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња