Проценката на инвестициите во проектот на гасоводот „Турски тек“ изнесува 6 милијарди долари. Притоа проектот може да биде реализиран само за сметка на средства на „Гаспром“, изјави заменик-претседателот на управата на компанијата Андреј Круглов.
„Обемот на планираните инвестиции во „Турски тек“ изнесува околу 6 милијарди долари. Тоа што се однесува на проектното финансирање – ние зборувавме дека постои таква можност за финансирање на поморскиот дел на „Турски тек“. Како и да е, планиравме дека „Турски тек“ може да биде реализиран само за сметка на средствата на „Гаспром“, изјави Круглов, пренесува ТАСС.
Претходно тој изјави дека „Гаспром“ почнал преговори за привлекување на проектно финансирање за „Турски тек“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче