Шпански генерал: Ќе ја одбраниме Латвија од Русите

Пред една и пол недела во пристаништето во Рига пристигна воен техника на шпанската војска (тенкови „Леопард“, борбени пешадиски возила „Пизаро“, како и контингент за техничка поддршка и логистика) за мултинационалниот баталјон на НАТО. Во Латвија исто така пристигнаа и 300 шпански војници.

Началникот на Генералштабот на војската на Шпанија Фернандо Алехандре во интервју за латвиски весник Latvijas Avīze изјави дека неговите сонародници се подготвени да го покажат својот професионализам и да ги заштитат балтичките земји од Русија.

„Ние знаеме како функционира руската пропаганда машинерија. Независно од тоа колкави напор вложува Русија за да ја постигне својата цел, ние ќе одговориме на тоа со нашиот професионализам. Тоа е единственото нешто што може да помогне. Русите може да лажат колку што сакаат, да измислуваат што сакаат, но за ова прашање јас се потпирам на своите војници“, изјави Алехандре. Тој додаде дека ако Латвија некогаш „се соочи со агресија од исток, шпанските војници ќе ја покажат својата слога и солидарност со Латвија“. Генералот истакна. „Ние сме подготвени да стоиме на линијата на фронтот и да ја браниме пријателската Латвија“, пренесува порталот EurAsiaDaily.

Пред недела и пол во пристаништето во Рига пристигна воена техника на шпанската војска (тенкови „Леопард“, борбени пешадиски возила „Пизаро“, како и контингент за техничка поддршка и логистика) за мултинационалниот баталјон на НАТО. Во Латвија неколку дена претходно пристигнаа и 300 шпански војници.

Во Латвија се наоѓа воен мултинационален баталјон на НАТО под команда на Канада. Во состав на групата има повеќе од 1000 војници од Албанија, Италија, Канада, Полска, Словенија и Шпанија. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња