Лавров: Русофопската опсесија во САД ги преминува сите граници

Русофопската опсесија во САД ги преминува сите граници, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, коментирајќи ги новите американски санкции против Русија.

Рускиот министер го изјави ова на прес-конференцијата по преговорите во Москва со својот француски колега Жан-Ив Ле Дриан.

„Ова, се разбира, не ја подобрува атмосферата. Санкциите уште еднаш се примаат со големи сомнежи. Повикувањето на ситуацијата во Украина, таа според мене кај сериозните набљудувачи на овој процес предизвикува насмевка. За жал, нашите колеги во Европската унија, јас зборував на оваа тема, се скрија зад таквата лукава формула: санкциите ќе бидат укинати штом Русија ја исполни „Минската спогодба“. Ние ги повикуваме нашите пријатели во Европската унија уште еднаш да ја прочитаат „Минската спогодба“, таму е доволно јасно кој и што треба да прави и во каков редослед“, изјави Лавров, пренесува РИА „Новости“.

„Затоа не можам ништо да искажам освен жалење по повод оваа русофопска опсесија на нашите американски колеги. Таа веќе ги преминува сите граници. Порошенко не може да ги исполни своите обврски од „Минската спогодба“ – санкции против Русија“, изјави шефот на МНР на Русија.

.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња