Фотографија од внуката на Владимир Висоцки го освои рускиот „Инстаграм“

SUPER објави на својата страница на „Инстаграм“ снимки од внуката на поетот, музичар и актер Владимир Висоцки Арина.

SUPER објави на својата страница на „Инстаграм“ снимки од внуката на поетот, музичар и актер Владимир Висоцки Арина. Фотографиите на девојката собраа речиси две илјади лајкови и мноштво коментари.

 

A post shared by SUPER (@super.ru) on

SUPER за фотографијата истакнува дека девојката го „покорува „Инстаграм“ со апетитните форми“. Сепак некои корисници сметаат дека таа е „апсолутно незабележителна“. „Освен добриот размер на градите ништо необично не видов“ пишува една од корисничките. Друга изјавува дека „формите не ги видов, и тоа е најобичната, незабележителна фигура“.

Истовремено многу корисници на SUPER ги осудуваат негативните коментари и доаѓаат до заклучок дека „луѓето станаа злобни“.

Според информациите на SUPER, 18-годишната Арина Сахарова речиси не зборува за родството со Висоцки поради навредата за нејзината мајка Анастасија Иваненко, ќерка на бардот, „која тој не ја призна официјално“. „Лајф“ истакнува дека девојката „одбива и интервју, дури и за примамлив хонорар што ѝ го нудат телевизиите“.

Владимир Висоцки беше трипати официјално женет. Втората сопруга на Висоцки !удмила Абрамова му роди два сина. Тој исто така има и вонбрачна ќерка Анастасија од актерката Татјана Иваненко, пишува „Рамблер.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња