Медиум: Тилерсон изработи план за изградба на односите со Русија

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон изработи план за изградба на „конструктивни работни односи“ со Русија, соопштува порталот BuzzFeed повикувајќи се на таен документ на Стејт департментот.

Порталот „БазФид“ го нарекува планот на Тилерсон „лишен од широки амбиции“, меѓутоа укажува дека тој има за цел воспоставување на односи со Москва.

„Во моментов односите на САД и Русија буквално се наоѓаат во одвод. Сакаме да постигнеме да не отидат во канализација“, изјави за изданието претставник на Стејт департментот кој сакаше да остане анонимен.

Порталот соопштува дека во планот на Тилерсон има три главни точки. Првата точка содржи апел до Москва да не презема „агресивни дејствија“ против САД. Исто така, во неа се содржи и насока дека Вашингтон ќе одговори на сите обиди за нанесување штета на американските интереси.

Во втората точка е наведена неопходноста од дијалог со Русија за стратешки важните прашања за САД. Меѓу нив се наведени Сирија, Северна Кореја и сајбер-безбедноста. Оваа точка предвидува проширување на соработката со Русија во борбата против терористичката група „Исламска држава“. Сепак Тилерсон, според информациите на изданието, засега не знае како да го постигне тоа. Покрај тоа, се предлага и „торпедирање“ на трговијата меѓу Русија и Северна Кореја за да се постигне изолација на Пјонгјанг.

Третата точка од планот ја потенцира важноста од одржувањето на стратешката стабилност со Русија. Под стратешка стабилност обично се подразбира контролата над вооружувањето, пред сѐ над нуклеарното оружје.

Порталот укажува дека во сегашниот план, за разлика од иницијативите во времето на Барак Обама, не се наведува поддршка за земјите кои ја опкружуваат Русија и кои изјавуваат за „агресија“ од нејзина страна. Покрај тоа, за разлика од времето на Обама, документот е изработен во Стејт департментот, а не од Советот за национална безбедност, како што беше случајот претходно, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња