Русија е петта земја во Европа по бројот на примени бегалци

Русија во 2016 година имала на своја територија 228990 лица со статус на бегалци, се вели во извештајот на Канцеларијата на Високиот комесар за бегалски прашања на ООН (УНХЦР).

Русија го зазема петтото место во Европа по бројот на примени бегалци, се вели во извештајот „Глобални трендови: Принудна преселба во 2016 година“ на Канцеларијата на Високиот комесар за бегалски прашања на ООН(УНХЦР).

Според пресметките на организацијата, на територијата на Русија имало 228990 лица со статус на бегалци. Во Европа поголем број на бегалци примиле само Турција (околу 2,9 милиони луѓе), Германија (669 илјади), Франција (304 илјади) и Шведска (230 илјади), пренесува РИА „Новости“.

Турција според овој показател е лидер во светот. По неа доаѓа Пакистан со 1,4 милиони бегалци, додека на третото место е Либан со примени 1 милион бегалци.

Во 2016 година ООН регистрирале рекорден број на бегалци – 22,5 милиони луѓе. Максимален е и бројот на луѓе кои биле принудени да ги напуштат своите домови – 65,5 милиони луѓе.

Мнозинство бегалци под мандат на УНХЦР (84%) примиле земјите во развој. Притоа Европа ја преживува најсериозната по Втората светска војна мигрантска криза, предизвикана, пред сѐ, од вооружените конфликти и економските проблеми во земјите на Блискиот Исток и Северна Африка.

Претходно Советот на Федерацијата на РФ изјави дека Русија во текот на конфликтот на истокот на Украина примила 2,5 милиони бегалци.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња