Зигмар Габриел: обидот на Обама да ја понижи Русија беше грешка

Шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел се надева дека Вашингтон ќе ја поправи таа грешка, зашто без Москва нема справување со конфликтите во Сирија, Либија и Украина.

Министерот за надворешни работи на Германија Зигмар Габриел се надева дека американската администрација ќе бара можност да ги рестартира односите со Русија и да создаде нови контакти со Москва. Тој го изјави ова во интервју за весникот „Велт ам Зонтаг“.

„Би било добро ако новата администрација на САД бара нов почеток во односите со Русија, нови контакти, нови разговори“, изјави Габриел. Без Русија ние нема да успееме да се справиме со конфликтите во Сирија, Либија, Украина и другите точки на планетата“.

„Обидот на Барак Обама да ја понижи Русија беше голема грешка. Јас, како и претходно, се надевам дека Вашингтон ќе ја исправи оваа грешка“, потенцира германскиот министер. Во исто време, тој констатира дека „во моментов сѐ изгледа како Вашингтон и Москва повеќе да си вртат грб еден од друг“.

Обама како американски претседател еднаш ја нарече Русија „регионална сила“,  но подоцна ја призна РФ за „суперсила“ која има влијание во светот, пренесува ТАСС.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња