Штајнмаер: Не очекувајте неочекувано зближување меѓу Европа и Русија

Отуѓувањето меѓу Европа и Русија расте околу 15 години и се заостри во врска со настаните на Крим и во Украина, изјави претседателот на Германија Франк-Валтер Штајнамер.

Според него, не треба да се очекува дека Русија и Европа неочекувано да се зближат, соопштува „Франфуртер Алгемајне Цајтунг“.

Штајнмаер смета дека во дадениов момент идентитетот на Русија се формира не преку барање основи за соработка со Европа, туку преку дистанцирање од Западот.

Исто така тој изјави дека Москва наводно се меша во изборите во други земји.

Штајнамер додаде дека таквите дејствија спрема Германија ќе доведат „до неизбежно понатамошно исцрпување на резервите на меѓусебни вредности“, што „фатално“ ќе се одрази како врз Русија, така и врз Германија.

Сепак, според него, Западот треба да бара простор за дијалог со Русија, треба „да се разговара за она што нѐ дели“ и да се памети дека Русија „останува голем сосед кој има влијание на ситуацијата во Европа како во добар аспект, така и во лош“. Тој повика да не се размислува за Русија „во дефинитивни категории“, туку да има стремеж кон промени, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња