МО на РФ објави потврда за уништувањето на командното место на ИД

Министерството за одбрана на Русија објави фотографии од уништеното командно место во кое имале состанок лидерите на „Исламската држава“ на 28 мај.

Министерството за одбрана на Русија објави фотографија која го потврдува уништувањето на командното место на терористичката група „Исламска држава“ на подрачјето на сирискиот град Рака.

„Уништување на командното место на ИДИЛ во Рака во текот на одржувањето на состанокот на лидерите на терористичката група ИДИЛ“, се вели во соопштението на рускиот воен ресор на социјалната мрежа „ВКонтакте“.

Во петокот МО на РФ соопшти дека ги проверува соопштенијата за можната ликвидација на лидерот на „Исламската држава“ Ибрахим Абу-Бакр ал Багдади како резултат на напад од руските ВКС на 28 мај во близина на Рака, пренесува „Взгљад“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња