Алексеј Баталов почина во сон, соопштува „Комсомолскаја правда“ повикувајќи се на блискиот пријател на актерот Владимир Иванов. Подоцна смртта на актерот беше потврден од неговото семејство.
Претходно неговата сопруга истакна дека актерот беше во болница, каде што му беше извршена операција поради прелом на ногата на две места.
Пријателот на актерот потврди дека Баталов починал во болница. Претходно кај него дошол свештеник.
Алексеј Баталов е роден во 1928 година. Од 1975 предаваше во ВГИК.
Актерот се стекна со голема популарност по неговите улоги во филмовите „Москва не им верува на солзите“ и „Жеравите летаат“. Вкупно има настапувано во четириесетина филмови, пишува „Взгљад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче