Тилерсон: Дајте му на Трамп „поголема флексибилност“ за санкциите против РФ

Конгресот на САД треба да му даде на американскиот претседател поголема флексибилност во прашањето за антируските санкции со цел Вашингтон да има повеќе „можности за дијалог“, изјави државниот секретар на САД Рекс Тилерсон.

„Го повикувам Конгресот секој донесен закон да му овозможува на претседателот да го менува режимот на санкции“, изјави Тилерсон.

Одговарајќи на прашањето зошто САД не водат пожестока политика за антируските санкции, Тилерсон одговори дека едностраните мерки не се толку ефикасни како многустраните.

Државниот секретар на САД исто така изјави дека Вашингтон не сака да се закова за „Минската спогодба“ и дека украинскиот конфликт може да се регулира и на друг начин.

Претходно американските сенатори постигнаа договор во однос на санкциите против Русија. Меѓу предложените мерки, насочени против Русија, можат да се издвојат три блока: борба против руското „влијание“ во Европа, донесување санкции во вид на закон и забрана за претседателот на САД да ги укинува санкциите без дозвола на Конгресот, пишува „Взгљад“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.