Ова тој го изјави во документарниот филм на режисерот Оливер Стоун „Интервју со Путин“ кој беше прикажан на телевизијата „Шоутајм“ во понеделникот, 12 јуни.
„Кога кај нас почнаа проблемите во Чеченија, на Северен Кавказ, за жал, Американците ги поддржаа тие процеси“, изјави рускиот претседател. Според него, Русија сметала на помош од САД, но наместо тоа, открила дека американските специјални служби се занимаваат со поддршка на терористите.
„Ако зборуваме за политичка поддршка, тоа не бара докази. Тоа се правеше јавно, отворено. А што се однесува до оперативната поддршка – ние имаме такви докази и, згора на тоа, некои од нив дури и им презентиравме на нашите американски колеги“, изјави Путин.
„Кај нас формираше апсолутно одржливо мислење тогаш дека нашите американски партнери на зборови зборуваат за поддршка на Русија, за потребата од соработка во борбата со тероризмот, а фактички ги користат тие терористи за разнишување на внатрешно политичката ситуација во Русија“, додаде рускиот лидер.
Путин исто така се сети на реакцијата на поранешниот претседател на САД Џорџ Буш кога тој му ги набројал презимињата на припадниците на американските специјални служби кои работеле н Кавказ и им давале техничка поддршка на милитантите. „Тој рече дека многу негативно гледа на тоа и дека ќе се разбере со тоа“, истакна лидерот на Русија.
Покрај тоа, Путин се сети на една случка кога во Москва стигнало писмо од ЦИА, во кое било наведено дека Американците „сметаат дека се во право да одржуваат односи со сите претставници на опозицијата и ќе продолжат да го прават тоа“. Рускиот претседател изјави дека било очигледно дека во писмото се работело за терористички групи. „Како и да е, нив ги претставуваа во вид на некаква опозиција“, наведе Путин, пренесува „Лента.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче